Велика Британија ќе ја напушти Европската унија до 31 јануари следната година, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Тој за Би-Би-Си изјави дека верува оти Брегзит ќе се случи на крајот на последното продолжување на излегувањето на Велика Британија од Унијата.
Јункер истакна дека Брегзит е предолга приказна што треба да заврши.
Британскиот премиер Борис Џонсон претходно изјави дека ќе постигне трговски договор со ЕУ до крајот на декември 2020 година.
Додека некои британски пратеници мислат дека лесно ќе се постигне договор, Јункер потсети на фактот дека слични преговори со Канада „траеја со години“.