Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска изрази жалење поради одлуката на австриксата Влада за повлекување на Виена од Договорот на ОН за миграција.
– Длабоко жалам поради ваквата одлука. Неверојатно е тоа што ЕУ не може да зборува едногласно за вака важно прашање, изјави Јункер за австриското државо радио О1.
Тој најави дека за оваа одлука на Виена планира во следните недели да разговара со претставниците на австриската Влада.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговиот коалициски партнер, вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе денеска соопштија дека Австрија се повлекува од глобалниот Договор на ОН за миграција.
Австрија ќе го следи примерот на САД и Унгарија и нема да го потпише документот, поради суштински несогласувања и нема да испрати официјален претставник на Конференцијата за Договрот што ќе се одржи во декември во Маракеш.
Владата во Виена на конзервативната Народна партија на Курц и екстремно десничарската Партија на слободата на Штрахе, смета дека Договорот на ОН за миграција е несоодветен за регулирање на мигрантските прашања и стравува од губење на суверенитетот во мигрантската политика и „бришење“ на разликите меѓу легалната и илегалната миграција.
МИА