Утре 47,8 милиони француски гласачи се повикани да излезат да гласаат за изборот на нов претседател на француската република, при што тие треба да одлучат меѓу Еманул Макрон и Марин Ле Пен. Сепак, во првиот круг многумина не гласаа ниту за Макрон, ниту за Ле Пен и утре треба да гласаат за кандидат кој или го отфрлаат или не го одобруваат, јави дописникот на МИА.
Има и такви што ќе излезат на гласање „неволно“, оние кои сакаат „јако да го удрат мравјалникот“ или дури и оние кои нема да се мачат да се помрднат, но кои „држат среќа“ дека анкетите ја кажуваат вистината. А други, пак, кои „вртат очи кон небото“ се убедуваат дека „Овие претседателски избори нема ништо да сменат “. Повеќе француски медиуми се обидоа да опишат во која состојба се наоѓаат добар дел од француските гласачи, во пресрет на вториот круг, поточно меѓу 63 отсто Французи кои не гласаа пред две недели, ниту за Емануел Макрон, ниту за Марин Ле Пен.
„Во мојата глава сето тоа е матно: има многу фрустрација, но и гнев“, вели еден од овие „сирачиња од првиот круг“ кои веруваат дека нивните избори се „украдени“.
Според истражувањето на Елабе за БФМТВ и Л’Експресс, 43 отсто од Французите кои планираат да гласаат в недела ќе го направат тоа за да го блокираат другиот кандидат.
„Ниту Макрон, ниту Ле Пен! Минатата недела токму овој собирен крик одекна на универзитетите. Повторувајќи ги зборовите на Жан-Лук Меланшон, третиот човек на овие претседателски избори, кој „не сака г-ѓата Ле Пен да ја преземе земјата“, ниту „г-дин Макрон да ја задржи власта“. „Уморни сме постојано да гласаме поради инает, во најмала рака! Не, што мисли, Макрон? Јас сум Непокорна и таква останувам- вели за „Фигаро“ Луси, 24-годишна студентка во Лион.
Иако за нивните гласови имаше многу додворување во изминативе две недели, не е сигурно дека 22 отсто од гласачите на лидерот на Ла Франс инсуумис (Бунтовна Франција на Меланшон) сите ја играат играта на „републиканскиот фронт“.
-Си велам дека треба да пробаме нешто друго, нема што повеќе да изгубиме! Ни е ветена граѓанска војна ако Марин Ле Пен помине, но имам впечаток дека со Макрон може да биде тотален хаос на улица. А потоа Марин, таа ги брани сиромашните…“вели Кристин, која живее со „многу мала пензија“ во Нормандија.
„Корисниот глас“, Лора веќе го даде. Во 2017 година, па и оваа година од првиот круг.
„Ќе гласав за зелените, но добро знаев дека Јаник Жадот нема да биде во вториот круг. Затоа го зедов билтенот на Меланшон. Сега, тоа е болно патување да се прегласува Макрон: не само што нема ништо сериозно во неговата програма за екологија, туку, за време на неговиот мандат, тој нè нарече „Амиши кои сакаат да живеат на маслена ламба! Кога тоа го примивме директно в лице, дури и да го „изгланца“ својот проект во зелено, со своите големитеналони, ние не забораваме, објаснува еден адвокатка од Бордо во изјава за Фигаро.
Таа не е „воопшто чувствителна на безбедносниот или антимиграцискиот дискурс на Марин Ле Пен“, таа го отфрла овој избор. „За мојата генерација на триесет и неколку години, со мали деца, тоа е навистина ужасно! Ќе морам да гласам за оној кој лансираше 5G и не направи ништо за животната средина освен да го отстрани пластичниот прибор за јадење…“ додава оваа млада жена од Бордо.
Сара член на движењето Европа, екологија Зелени, сакаше да ги почитува нејзините убедувања во првиот круг. Таа денес се чувствува „крајно уморна и тажна“, „многу разочарана од оваа кампања која беше бескорисна“. „Разбирам дека идеите на Марин Ле Пен мора да бидат присутни во вториот круг, бидејќи тие се поддржани од повеќе од една четвртина од Французите, но имам впечаток дека политичкиот говор функционира како скршена плоча, воздивнува таа, која работи во професионална интеграција во Брест. Во овој контекст на климатска вонредна состојба, неверојатно е што оваа тема отсуствуваше од кампањата. Но додека блокирачкото гласање против екстремната десница беше очигледно во 2017 година, таа вели дека повеќе не може да го убеди нејзиното опкружување дека не е доволно само да се гласа празно. „Постои желба да му се одржи лекција на претседателот кој излегува од ветувањата, во последен момент, само за да флертува со нас…“
Во 2017 година, Бертранд гласаше за Меланшон. Овој пат, бидејќи „навистина не го ценеше неговиот комунитаристички пресврт“, тој се одлучи за комунистот Фабиен Русел. „Прво си реков, ќе гласам празно: Макрон како Ле Пен отелотворуваат модели на општество што не сакам да ги видам развиени, вели овој 27-годишен правник. Старт-оп нација, неолиберализмот, за мене е многу малку. Што се однесува до Марин Ле Пен, дури и да не сум од оние кои плачат нацизам, се плашам дека таа ќе има штетно влијание врз градовите и имам загриженост за владеењето на правото. Дури и ако, од моја гледна точка, „дамата-мачка“ би предизвикала помала социјална штета од Макрон“.
Конечно, „речиси сум сигурен дека уште еднаш ќе ја блокирам крајната десница“, продолжува тој. Ако, како мене, навистина не ви се допаѓаат и двајцата, треба да го изберете најмалку лошото…“
Од десната страна се исто толку многу фрустрирани, особено по „свртувањето на лево на кормилото“ на кандидатот Макрон, објаснува понатаму Фигаро.
-Се стремев кон сè, освен репродукција на најавениот дуел, во кој шефот на државата направи сè за да не затвори. Не доаѓа предвид да гласам за него, поради неговото негативно искуство во повеќето области. Не можам да гласам ниту за Марин Ле Пен, иако можевме да и дадеме шанса да ја контролира имиграцијата и да ставиме крај на деликвенцијата. Ќе гласам празно затоа што сакам да покажам дека не се работи за граѓанско дезангажирање се доверува Симон (44 години), висок париски функционер, кој и го даде својот глас на Валери Пекрес.
Со внесување на билтенот на Ерик Земур во гласачката кутија, Вирџини сакаше „да алармира за ситуацијата во предградијата“, каде што предава десет години. „И ми кажаа дека ова гласање е фашистичко! Таа огорчена.
-Која е поентата да се одржат избори ако се гласа за Макрон? Можеме да се изразиме во првиот круг, но, во вториот, секогаш треба да се избере центристички кандидат, про-ЕУ! Имаме впечаток дека веќе нема можна алтернација. Фактот што Емануел Макрон ги спои десниот центар и левиот центар го засилува чувството на едноумие, една партија и единствена политика.
30-годишната девојка ќе гласа за Марин Ле Пен: „Во суштина, нема толку многу разлики, тврди таа. Но, со Земур имаше шанси за демократски почеток. Додека со Марин Ле Пен, тоа е премногу истата манихејска конфронтација што ја знаеме. Тоа е, исто така, глас за инает, бидејќи таа не е најдобриот кандидат да ги носи овие идеи и знаеме дека ќе изгуби…“
На возраст од 22 години – Флора, која завршува бизнис студии, нема „што да загуби со превртување на масата“, вели таа. „Гласав Земур затоа што ми изгледаше најискрено, се оправдува оваа парижанка.
-Тој имаше храброст да го потенцира и ризикот од големата замена и дислокацијата на францускиот идентитет. Како млад човек, бев многу вознемирена од начинот на кој претседателот се справи со пандемијата, преку претерано ограничување на јавните слободи наместо зголемување на бројот на кревети во болниците. Ни ги уништи животите, а ова „колку и да чини“ ќе има феноменални последици! Дебатата во средата вечерта уште повеќе ми тежеше. За недела, сè уште не знам дали ќе ги следам упатствата на Земур, или едноставно ќе одам да се релаксирам со пријателите, вели таа.
Ќерка на фармери, по потекло од Пикардија, Клеманс по втор пат го избра Жан Ласал.
-Тоа е неговата социјална личност што ми зборува. Тој се издвојува во оваа многу цивилизирана средина. А неговата програма, не ми е воопшто глупава. Годинава повторно гласав за него затоа што тој беше единствениот што ми изгледаше автентичен. И сега се чувствувам големо сираче. Повеќе од пет години, згора на тоа, од распадот на УМП, партијата за која гласав претходно, објаснува 28-годишната млада жена, сега продавач на книги во Париз.
Во 2017 година, нејзиното гласачко ливче беше празно.
-Имам уште помала желба да го зајакнам Макрон денес! Ова би го потврдило управувањето со кризи во првиот петгодишен мандат, што не го одобрувам. А етичките прашања многу ме засегаат, а Емануел Макрон воопшто не е свесен за нив. Па се враќам на бело гласање. Бидејќи Жан Ласал се залага за броење на празните гласови, ова ќе биде мојот начин да му оддадам почит, завршува таа.