недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Канадската армија забрани марихуана 24 часа пред заминување во воена операција

Канадската армија забрани марихуана 24 часа пред заминување во воена операција

Канадската армија издаде наредба за користењето на марихуана меѓу припадниците на оружените сили на оваа земја.

Насоките за употреба се издадени пред најавената легализација на марихуаната во Канада, која стапува во сила на 17 октомври.

Според ова упатство на припадниците на оружените сили им се забранува да конзумираат марихуана осум часа пред да стапат на должност, 24 часа пред да заминат во воена операција и 28 часа пред скокање со падобран од голема висина.

На канадските војници ќе им биде забрането употреба на марихуана во текот на меѓународните операции.