По разорниот земјотрес што се случи на границата на Турција и Сирија, во кој според последните проценки загинаа повеќе од 8.400 луѓе, од овие две земји доаѓаат болни и шокантни сцени од спасување на преживеани.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10-те региони најпогодени од земјотресите.
Како што објавивме претходно, мрежите беа преплавени со болни сцени на луѓе погодени од катастрофата, вклучително и Сириец кој загуби 12 членови од своето семејство и чии солзи ги допреа сите.
На мрежите се шират многу сцени на успешни спасувања, па објавено е и видео од малото момче (2) по име Мухамет, кое поминало 44 часа под урнатините.