среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

КИДНАПИРАН ГРАДОНАЧАЛНИК: Украинската амбасада во Скопје пренесува вознемирувачко соопштение

КИДНАПИРАН ГРАДОНАЧАЛНИК: Украинската амбасада во Скопје пренесува вознемирувачко соопштение

Министерството за надворешни работи на Украина испрати официјално соопштение за киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол од страна на руските окупатори.

Нивното соопштение го пренесува украинската амбасада во Скопје, а истото можете да го погледнете во продолжение:

Вооружената агресија на Руската Федерација против Украина е придружена со груби прекршувања на нормите и принципите на меѓународното право, вклучувајќи го меѓународното хуманитарно право, воените злосторства и злосторствата против човештвото, како и други прекршувања на човековите права од страна на руската војска.

Едно од таквите груби прекршувања беше киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол Иван Федоров на 11 март.  Руските војници, кои веќе втора недела вршат ракетни и бомбашки напади врз цивилни објекти и инфраструктура во Украина, вклучително и детски болници и училишта, цинично го обвинуваат градоначалникот за „тероризам“.

Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции и Дополнителниот протокол, кои забрануваат земање цивилни заложници за време на војна.

Ја повикуваме меѓународната заедница веднаш да одговори на киднапирањето на Иван Федоров и другите цивили и да го зголеми притисокот врз Русија да ја прекине својата варварска војна против украинскиот народ.

Фактите за киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол, како и стотици други факти за воени злосторства на руските окупатори на украинска територија, се внимателно документирани од агенциите за спроведување на законот.  Виновниците за ова и за други кривични дела ќе бидат изведени на најстрога одговорност.