петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Киев бара од Иран да престане да испорачува оружје за Русија

Киев бара од Иран да престане да испорачува оружје за Русија

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, соопшти дека во телефонскиот разговор со иранскиот колега Хосеин Амирабдолахиан побарал Техеран да престане да доставува оружје за Русија.

„Побарав Иран веднаш да престане да испраќа оружје во Русија, која го користи за убивање цивили и уништување на виталната инфраструктура во Украина“, напиша Кулеба на Твитер.

Според него, разговорот бил инициран од иранската страна.

Украина и западните земји го обвинуваат Иран дека и испорачал на Русија беспилотни летала „камикази“, што се користат напади врз критична украинска инфраструктура, додека Техеран ги отфрла обвинувањата.