понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Киев: МААЕ ќе ги надгледува окупираните нуклеарни централи во Украина

Киев: МААЕ ќе ги надгледува окупираните нуклеарни централи во Украина
фото илустрација

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе формира тимови за онлајн следење на нуклеарните централи во Украина окупирани руските сили, изјави Петро Котин, шеф на државната украинска компанија за нуклеарна енергија Енергоатом.

Тој посочи дека нуклеарниот регулатор на ОН мора да работи на тоа руските службеници да не се мешаат во работата на нуклеарната централа Запорожје и оперативните активности на нуклеарната централа Чернобил, каде во 1986 година беше најтешката нуклеарна несреќа во историјата. Двете постројки беа окупирани од руските вооружени сили, кои ја нападнаа Украина минатиот месец.

„МААЕ може и мора да го искористи своето влијание, за ова прашање ќе се разговара“, рече Котин. Тој додаде дека не може да ги открие сите резултати од неговата вчерашна средба со Рафаел Гроси, генерален директор на агенцијата со седиште во Виена, кој допатува во Украина.