Борбите во Бахмут ослабнаа, но гранатирањето продолжува во областа, соопшти денеска заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Маљар. Таа, на апликацијата Телеграм, напиша дека украинските војници држат мало упориште на работ на градот и дека руските сили ги чистат окупираните области.
Војската на Русија во саботата соопшти дека презеле целосна контрола врз Бахмут во источна Украина по речиси една година тешки борби.
Украина вели дека напредувала на разорените северни и западни крила на градот, во надеж дека ќе ги опколи руските војници.
Маљар ги повтори тврдењата на Киев дека украинските војници сè уште надгледуваат мал дел од градот, 15 месеци по почетокот на руската инвазија. -Нашите војници ги надгледуваат југозападните предградија во областа „Литак“, прецизираше украинската функционерка. Тие постигнаа одреден напредок „на северното и јужното крило“, додаде Маљак без да елаборира.
Руската офанзива донекаде ослабе, но „истовремено, количината на гранатирање остана подеднакво голема“.