Илјадници луѓе во Киев дојдоа на поворката на погребот на воениот херој „Да Винчи“, 27-годишник по имет Дмитро Коциубајло.
Почина во Бахмут, каде деветти месец по ред се водат битки. Тој ја бранел Украина уште на Крим во 2014 година, но бил ранет од тенк за потоа пак по три месеци да се врати на фронтот.
Ја предводел механизираната бригада „Волци Да Винчи“. Зел учество во војната уште од првиот ден.
🕯️Thousands of people in #Kyiv came to say goodbye to Dmytro “Da Vinci” Kotsyubailo.
📷: @sternenko pic.twitter.com/9PbIMeOIGn
— KyivPost (@KyivPost) March 10, 2023
На 30 ноември лани му беше доделена титулата Херој на Украина од страна на претседателот Володимир Зеленски.
– Тој е еден од оние чиј карактер и храброст засекогаш станаа историја, карактер и храброст на Украина – изјави Зеленски и потсети дека Коциубајло е еден од најмладите херои во земјата.