вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Киев тврди: Откриен е руски шпиони во украинскиот воен штаб

Киев тврди: Откриен е руски шпиони во украинскиот воен штаб

Укранската разузнавачка служба СБУ објави дека открила руска шпионска мрежа во главниот штаб на украинските вооружени сили.

Еден од шпионите дури и бил вработен во главниот штаб на украинската војска, тврди Олексиј Арестович, советник на претседателот Владимир Зеленски.

Како што пренесеува украинската новинска агенција Укринформ, Арестович не дал детали за тоа колку шпиони имало во руската мрежа. Но тој ja навел наводната цел на таа група.

„Другарите требало да урнат патнички авион над Русија или Белорусија па да ја префрлат одговорноста врз Украина“, тврди Арестович и додал дека за тој план требало да се користат противвоздушни проектили на украинската војска.

Во моментов од Европа кон Русија летаат само воздухопловни компании од Србија и Турција, откако земјите во Европската унија забранија прелети на руските авиони во нејзиниот воздушен простор а европските компании ги прекинаа летовите кон Русија.