Русија изгубила уште еден генерал во конфликтот во Украина. Според властите во Киев, убиен е генерал-мајор Олег Митјаев (47), како и уште седум членови на елитната борбена единица под директна команда на Владимир Путин.
Митјаев загинал во борбите во пристанишниот град Мариупол. Тамошното МВР дури објави и фотографија на која се гледа телото на убиениот Митјаев.
Тој е четвртиот руски генерал, односно тринаесеттиот офицер, за кој украинските власти тврдат дека загинал во конфликтите. Се наведува дека во борбите загинале седум припадници на елитната руска борбена единица.
Да потсетиме, конфликтите во Украина траат веќе три недели, а делегациите од Москва и Киев се уште преговараат. Досега повеќе од три милиони луѓе ја напуштиле земјата.