Украина е под „континуиран” кибер напад, соопшти државната агенција за кибер безбедност.
Агенцијата соопшти дека со најновите напади од синоќа недостапни се владини веб-страници, вклучително и оние управувани од кабинетот на министри, парламентот, Министерството за надворешни работи и службата за државна безбедност
Тие додаваат дека за нападот виновни се „руски хакери” и нагласуваат дека тие „веќе не се ни обидуваат” да го скријат својот идентитет.
Веб-страници на неколку министерства и банки за првпат беа погодени со кибер напади во минатата недела.