четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ким „му испрати“ на Трамп посмртни останки на 200 американски војници

Ким „му испрати“ на Трамп посмртни останки на 200 американски војници

Американскиот претседател Доналд Тамп изјави дека Северна Кореја вратила посмртни останки на 200 американски војници кои исчезнале за време на Корејската војна.

-Вратени се нашите големи загинати херои, нивните останки ги испратија денеска, рече Трамп на митингот на своите поддржувачи во Минесота, пренесува Ројтерс.

Според воените податоци, околу 7.700 американски војници се водат како исчезнато во Корејската војна од 1950. до 1953. година.