Во случај и да преминат во состојба на технички банкрот, САД ќе можат да ја помагаат финансиски Украина до крајот на фискалната година (30 септември), а на сметка на средствата доделани од Конгресот, изјави денска Џон Кирби, портпарол за стратешки комуникации на Соетот за безбедност во Белата куќа.
Демократите и републиканците не успеваат да договорат зголемување на плафонот на јавниот долг на САД, неопходен законски потег за најголемата светска економија да продолжи да ги плаќа своите обврски, своите службеници и своите доверители.
-Што се однесува до подршката за Украина, во случај на неисплата на обврските, тоа ќе зависи од асигнациите што лани ни беа доделени од Конгресот. Ние сеуште можеме да ги ставиме во дејствие тие доделени средства и очекуваме дека можеме да продолжиме да го правиме тоа до крајот на оваа фискална година, изјави Кирби на денешниот брифинг за новинарите, на прашање од новинар како САД ќе ја корегираат подршката за Украина во случај на технички банкрот.
Државниот долг на САД моментално е во висина од 31.4 трилиони долари. Министерството за финансии презеде вонредни мерки бидејќи веќе е постигнат плафонот за заеми, во спротивно, ако нема договор до 1 јуни, ќе биде објавена неможност за исплата на обврските.
Администрацијата на претседателт на САД бара од Конгресот подигање на плафонот на државниот долг на што се противат републиканците, кои го контролираат долниот дом на Конгресот: тие не се против подигање на лимитот на државниот долг, но само под услов кратење на државните расходи.
Разговорите за ова чувствително прашање сеуште траат.