понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ќе има новогодишен огномет во Сиднеј, но без публика

Ќе има новогодишен огномет во Сиднеј, но без публика

Познатиот новогодишен огномет во Сиднеј ќе се одржи, како што беше планирано, но нема да им биде дозволено на луѓето да се собираат и да набљудуваат од пристаништето доколку не се во некој од угостителските објекти.

Властите на Нов Јужен Велс им се извинија на граѓаните за ова ограничување и рекоа дека оваа мерка е потребна за да се спречи традиционалната масовна манифестација, во ситуација кога се води борба против ширењето на Ковид-19 во Сиднеј, пренесува Си-Ен-Ен.

„На новогодишната ноќ, не сакаме никаков масовен собир на бреговите околу Сиднеј“, се наведува во соопштението на премиерката на Нов Јужен Велс Гледис Берејиклијан.

Нов Јужен Велс се бори против ширењето на пандемијата на коронавирусот по серијата случаи лоцирани во северен Сиднеј.

Пет нови локални случаи на инфекција со коронавирус се пријавени во последните 24 часа, од кои четири се поврзани со тој дел од градот, пренесува Си-Ен-Ен.