Данската полиција истажува кражба на шише вотка за кое се тврди дека е најскапо на светот, со цена од 1,3 милиони долари.
Истражителот Кнуд Хвас кажа дека е прерано да се каже дали крадецот провалил во „Кафе 33“ или користел клуч.
Не е украдено ништо друго.
Хвас кажа дека полицијата работи на кражбата за која се известени во вторникот.
Данската ТВ2 навела дека шишето „Русо-Балктика“ е сочинето од три килограми злато и иста количина сребро, со капаче од дијаманти.
Сопственикот на кафулето Брајан Ингберг, кој во барот има 1.200 шишиња вотка, кажа дека украденото шише е налик на предните страни на постарите автомобили.
Според неговите зборови вотката не е осигурана и позајмена е од еден руски бизнисмен.