сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЌЕ СЕ ЧЕКА УШТЕ ДОЛГО ЗА ПОГРЕБОТ – еве кога официјално ќе се одржи церемонијата, претходно четири дена ковчегот ќе биде изложен за јавноста

ЌЕ СЕ ЧЕКА УШТЕ ДОЛГО ЗА ПОГРЕБОТ – еве кога официјално ќе се одржи церемонијата, претходно четири дена ковчегот ќе биде изложен за јавноста

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во понеделник на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон, потврди Бакингемската палата.

Пред државниот погреб, телото на кралицата ќе биде положено во Вестминстерската сала четири дена, за јавноста да може да и оддаде почит.

Последниот член на кралското семејство чие тело беше изложено во јавност беше мајката на Елизабета, позната како „Кралица мајка“ во 2002 година. Во тоа време, повеќе од 200.000 луѓе стоеја во ред за да го видат нејзиниот ковчег.