Стотина скапи автомобили „Масерати“ и „Фиат 500Л“ произведени во Крагуевац изгореа во пожар во вторникот на пристаништето Савона во Италија.
Како што наведуваат локалните медиуми, пожарот во пристаништето избил во вторникот околу 3 и 30 часот наутро и зафатил стотина нови возила меѓу кои биле автомобили од марката „Масерати“ наменети за пазарот на Блискиот Исток.