сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кличко: Најмалку една жртва при гранатирањето на Киев

Кличко: Најмалку една жртва при гранатирањето на Киев

Најмалку едно лице загина кога синоќа беа погодени неколку станбени куќи и трговски кварт при гранатирањето на Подол, историскиот кварт на Киев, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.

Тој истакна дека во Подол одекнале неколку експлозии.

– Според информациите што ги имаме во моментов, погодени се неколку куќи и еден од трговските центри, објави Кличко на Телеграм.

Тој додаде дека на местото на нападот пристигнале спасувачки екипи, медицински работници и полиција. Пожарникарски екипи го гаснат големиот пожар во трговскиот пожар.

На Твитер се појави видео снимка од наводното гранатирање синоќа на Киев.