среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кличко: Руските сили и покрај повлекувањето не се откажаа од заземање на Киев

Кличко: Руските сили и покрај повлекувањето не се откажаа од заземање на Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека повлекувањето на руските сили не значи дека се откажале од заземање на главниот град на Украина.

– Фактот што непријателот се повлече од Киев не значи дека тој се откажал од желбата да го заземе главниот град, истакна Кличко.

Тој додаде дека е невозможно да се исклучи нов обид на руските сили да го заземат Киев за два дена.

– Главниот град мора и понатаму да биде подготвен за одбрана, посочи Кличко.

Тој истакна дека „окупаторите продолжуваат да вршат злосторства и геноцид врз украинскиот народ во регионите што ги освоиле“.