Поранешниот боксер и актуелен градоначалник на Киев, Виталиј Кличко се разведува од сопругата Наталија.
Тој за потврдил веста за украинските медиуми и рекол дека одлуката за развод по 25 години минати во брак била заедничка.
-Одлуката за развод беше заедничка. Долги години наназад имаме различни интереси и различни животи. Одлучивме тоа да го направиме официјално. И натаму имаме добар однос, се почитуваме, децата веќе пораснаа, а животот оди понатаму, вели Виталиј.
-Моето срце е окупирано само со Киев, како да не го сакам мојот Киев, додава Кличко.
Виталиј и Наталија се венчаа во 1997 година и имаат два сина и една ќерка.
Наскоро поранешната сопруга на Кличко се занимава со хуманитарна работа, а со животот пробала да биде и пејачка и кантавторка.