четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кличко: Урната петкатница, погледнете го овој кратер, во близина е градинка (ВИДЕО)

Кличко: Урната петкатница, погледнете го овој кратер, во близина е градинка (ВИДЕО)

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска во живо се јави преку социјалните мрежи од урната петкатница во градот.

Според досегашните информации, спасени се 12 лица, 98 се евакуирани. Повредени се четири деца, а едно лице го загуби животот.

Како што наеде Кличко, хоспитализирани се 19 лица.

Делови од руска граната паднале на станбената зграда.

-Овде падна граната. Гледате голем кратер. А што е страшно? Што во близина има градинка, а од другата страна е училиште, нагласи Кличко.