четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија нанесе удари врз бунтовничка база во Јемен

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија нанесе удари врз бунтовничка база во Јемен

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна воздушни напади врз база на бунтовници во близина на меѓународниот аеродром во главниот град Јемен, Сана.

Нападната беше базата Ад Дулајми, од каде што бунтовниците хуси лансираат балистички ракети. Според локалните жители, базата е погодена дваесеттина пати.

Аеродромот во Сана продолжува да работи за хуманитарните операции на Обединетите нации и други организации.

Конфликтот во Јемен меѓу владините сили и бунтовниците започна во август 2014, но влезе во активна фаза во март 2015, кога во него се вмеша арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија и која ги поддржува владините сили.

Неодамна шефот на ОН за хуманитарни операции предупреди дека во Јемен има непосредна опасност од „голем глад”, кој ќе влијае на 14 милиони луѓе или околу половина од населението.
Оваа недела државниот секретар на САД Мајк Помпео повика сите страни во конфликтот да ги прекинат борбените дејства, а саудиската коалиција – да ги запре ударите врз населени области.