Командантот на иранската морнарица Хосеин Канзади денеска изјави дека Иран е подготвен да ги одбрани своите поморски граници о оти „разорно ќе реагира“ на секаква агресија.
САД и Саудиска Арабија го обвинуваат Иран дека го извршил нападот врз саудиската нафтена рафинерија на 14 септември, а Техеран негира било каква вмешаност.
– Во случај на непријателска агресија, морнарицата заедно со други армиски родови ќе возврати на најразорен можен начин, рече Канзади.
– Исламската Република Иран има одбранбена моќ која денес е на највисоко ниво, а вооружените сили и Револуционерната гарда се подготвени да ги бранат поморските граници на земјата, истакна тој.