На претходните избори Штип, како еден од најголемите градови во третата изборна единица, беше предмет на многу ветувања за проекти и мерки кои требаше да го подобрат животот на граѓаните на оваа општина. За жал, ветувањата останаа само на хартија, а во реалноста немаме никакво остварување на ветеното, стои во објават на Фејсбук страницат на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
Ветувањата за подобар економски развој беа тема за која СДСМ пред граѓаните на Штип дадоа многу ветувања, но не испорачаа ништо. Најголемото ветување за Штип беше секако проектот за спроведување на целосна гасификација, каде СДСМ ветуваа изградба и поврзување на гасоводната мрежа до секој дом. Од сите ветувања, секако во Штип нема ама баш ништо, а граѓаните се сведоци на разните трагикомични изговори на градоначалникот Бочварски, кој со ветувањата „кај и да е ќе почнеме“ само ја докажува неговата неспособност и таа на Владата на СДСМ .
СДСМ многу ветуваа и во областа на комуналната инфраструктура, а како најекспониран беше проектот за изградба на брана на реката Отиња и прераснување на оваа локација во голем туристички капацитет. Штипјани повторно се изнаслушаа ветувања од Заев и Бочварски за изградбата на браната, каде со тек на време ветувањата се трансформираа во изговори, за денес да нема никаква реализација на ова ветување. Во нивните програми се ветуваа и инвестиции за подобрување на водоснабдувањето на приградските населби во Штип, но и ова ветување остана нереализирано.
За развој на туризмот, СДСМ ветуваа изградба на грандиозен спортски центар „Сутлак“ кој во себе требаше да содржи бројни содржини како отворен и затворен базен, авка-парк, спортски сали, фитнес центри, мултимедијален центар и многу други содржини, како и целосна реконструкција на Исарот со изградба на жичара. Жителите на Штип се сведоци дека до денес ништо од ова не е реализирано.
На 15 јули #ОбноватаДоаѓа и доаѓа крајот на најнеуспешната влада во историјата на Македонија.