понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Конте: Постепено олеснување на мерките и стимулативен економски пакет

Конте: Постепено олеснување на мерките и стимулативен економски пакет

Рим, 30 април 2020 (МИА) – Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска изјави дека постепено ќе се олеснуваат мерките преземени поради пандемијата на Ковид-19, земајќи ги предвид разликите во нивото на зараза во различни делови на земјата.

Во говорот пред Парламентот, Конте најави нов стимулативен пакет за поддршка на економијата од 15 милијарди евра за компаниите и 25 милијарди евра кои ќе бидат директно исплатени на вработените и самовработените.

– Мерките за изолација донесени на 9 март постепено ќе бидат укинувани од 4 мај во договор со локалните власти, земајќи ја предвид ситуацијата во регионите во кои епидемиолошката состојба е помалку сериозна, рече Конте.

Тој исто така ги предупреди регионите да не ги намлуваат ограничувањата без консултации.