вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КРАЛИЦАТА ПРЕСЕЧЕ: Елизабета Втора конечно донесе одлука – еве што НЕМА да биде дозволено на погребот на принцот Филип

КРАЛИЦАТА ПРЕСЕЧЕ: Елизабета Втора конечно донесе одлука – еве што НЕМА да биде дозволено на погребот на принцот Филип

Високите кралски службеници ќе мора да носат цивилна облека за време на погребот на принцот Филип, што ќе ги намали можните тензии околу тоа на кој ќе му биде дозволено да носи воена униформа.

Одлуката на кралицата Елизабета Втора значи дека принцот Хари нема да биде единствениот член на кралското семејство без униформа за време на погребот на неговиот дедо во саботата, кој почина минатата недела на 99-годишна возраст.

Членовите на кралското семејство често носат униформи на јавни настани поради нивните почесни улоги во британската армија, кралската морнарица и кралското воено воздухопловство.

Сепак, потсетува АП, Хари ги загуби почесните воени титули кога се откажа од своите кралски должности.

Протоколот сега предвидува дека Хари, воен ветеран кој служел во Авганистан во два наврати, може да носи само костум со медали, објави британската асоцијација за печат.

Синот на Филип, принцот Ендру, ја разгледа опцијата да облече адмирална униформа на погребот. Имено, тој ги задржа воените титули, иако беше принуден да се повлече од кралските должности по интервјуто за Би-Би-Си, во кое зборуваше за неговото пријателство со осудениот педофил Џефри Епштајн.

Погребот на принцот Филип ќе се одржи во сабота на замокот Виндзор, а присуството е ограничено на 30 лица поради ограничувачките мерки.