сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кралицата се враќа на своите должности: Денеска се сретна со канадскиот премиер

Кралицата се враќа на своите должности: Денеска се сретна со канадскиот премиер

Британската кралица Елизабета денеска во дворецот Виндсор се сретна со канадскиот премиер Џастин Трудо.

Британската кралица (95) се враќа на своите вообичаени должности, откако минатиот месец имаше благи симптоми на КОВИД-19, по што ги откажа своите ангажмани.

Трудо е во посета на Лондон за да разговара со британскиот премиер Борис Џонсон за меѓународен одговор на руската инвазија на Украина. (МИА)