среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кремљ му одговори на Зеленски за апсењето на Виктор Медведчук

Кремљ му одговори на Зеленски за апсењето на Виктор Медведчук

Кремљ одговори на барањето на Украина да го замени заробениот политичар Виктор Медведчук со Украинци притворени во Русија.

Украина претходно соопшти дека го уапсила Виктор Медведчук, проруски украински политичар, за кого е познато дека има блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин. – Предлагам со Руската федерација да направиме замена, нивното момче за нашите момчиња и девојчиња кои се во руско заробеништво, изјави доцна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски, што го даде доцна синоќа во своето обраќање до јавноста.

Кремљ соопшти дека ќе го следи случајот, но ја критикуваше Украина, велејќи дека „го гони човекот поради неговите политички ставови“. Руските власти сугерираат дека не би се согласиле на размена на затвореници, имајќи предвид дека Медведчук е украински државјанин, кој се наоѓа во Украина.

Односот на властите во Киев кон украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук „е живописна илустрација за тоа каков е всушност режимот во Киев“, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ.

– Москва внимателно ќе ја следи ситуацијата околу Медведчук и ги повикува европските политичари да го сторат истото, изјави Песков. Русија очекува Европејците да ги применат своите стандарди за слобода на говор за да го запрат прогонството на една личност врз основа на неговите политички ставови, додаде портпаролот на Кремљ.  (МИА)