петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кремљ загрижен за безбедноста на нуклеарката Запорожје

Кремљ загрижен за безбедноста на нуклеарката Запорожје

Кремљ денеска изрази загриженост за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје.

Според Москва, украинските сили ја гранатираат нуклеарната централа и светските сили треба да го натерат Киев да стави крај на тие напади.

Шефот на руската државна агенција за нуклеарна енергија „Росатом“, Алексеј Лихачов предупреди дека постои ризик од нуклеарна несреќа во нуклеарната централа Запорожје.

– Постројката е во опасност од нуклеарна несреќа. Цела ноќ водевме преговори со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), посочи генералниот директор на „Росатом“.

Според Лихачов, МААЕ повикала на формирање безбедносна зона околу нуклеарката, па укажа дека тоа би било можно само со одобрување од САД.

Нуклеарката Запорожје, што е под контрола на руските сили, вчера беше гранатирана, а Русија и Украина си ја префрлаат вината меѓусебно.

Меѓународната агенција за атомска енергија го критикуваше гранатирањето и посочи оти таквите напади создаваат ризик од катастрофа.