Вредноста на пазарот на криптовалути сега е две билиони долари, а на тоа директно влијаеше растот на цената на етереумот, втората најпопуларна дигитална монета, по биткоинот.
За нешто повеќе од два месеци, пазарната капитализација на алтернативните валути е двојно зголемена, пренесува CNBC, и понатаму наведува дека причината за тоа е „вртоглавиот раст на бројот на мали и институционални инвеститори“.
Највредната криптовалута, биткоин, учествува со повеќе од 50% во вкупната пазарна капитализација на виртуелните пари. Неговиот брз раст започна минатата година, и продолжи во 2021 година, со тоа што биткоинот забележа раст од повеќе од 100 проценти само во првите неколку месеци.
Минатиот месец, монетата достигна рекордна вредност – над 61.000 УСД, а во моментов се тргува со околу 58.800 УСД. Иако сè уште е далеку од биткоинот, етереумот ужива во зголемената популарност.
Оваа монета ја забележа историски највисоката цена од 2.151,25 долари утрово, во азиско тргување. Од почетокот на тековната година до денес, етереумот зајакна повеќе од 180 проценти. Глобалните компании имаат сè повеќе „слух“ за криптовалутите.
Ова е поткрепено со фактот дека кинескиот производител на апликации „Меиту“ во март вложи 22,1 милиони долари во етериум и со тоа стана една од првите големи компании што го стори тоа.