четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кризите годинава ја чинеле Белгија единаесет милијарди евра

Кризите годинава ја чинеле Белгија единаесет милијарди евра

Пандемијата, војната во Украина и нејзините енергетски и економски последици тежат 11 милијарди евра во буџетот на Белгија.

Ова е заклучокот од буџетскиот извештај на белгиските власти испратен до Европската Комисија и врз основа на кој земјата треба да добие помош од ЕУ. Поточно 11,182 милијарди евра исплатила Белгија за да се справи со здравствената криза предизвикана од ковид, последиците од војната во Украина, инфлацијата, но и штетата од поплавите во летото 2021.

Минатата година пак државата исплатила 15,37 милијарди за справување со кризи, што значи дека за две години кризите ја чинеле Белгија над 26 милијарди евра.

Најмногу тежи енергетската криза и помошта за граѓаните, подвлекуваат белгиските власти, на второ место е Ковид-19, и конечно војната во Украина. Белгија потрошила 1,2 милијарди евра за приемот на украинските бегалци. Јавните финансии се во лоша состојба оваа година, а негативни се изгледите и за 2023 година бидејќи јавниот долг би требало да достигне над 105 отсто оваа година, а 108,2 отсто идната година. (МИА)