понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кулеба: Една од целите на мојата посета на Брисел е членство на Украина во НАТО

Кулеба: Една од целите на мојата посета на Брисел е членство на Украина во НАТО

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека една од целите на неговата денешна посета на седиштето на НАТО во Брисел е пристапувањето на неговата земја во Алијансата.

-Приемот на Финска во НАТО покажува дека е дојдено време да се преиспитаат претходните стратегии, посочи Кулеба, додавајќи оти очекува дискусија за стратешкиот план за одржливо снабдување со воена помош на Украина.

Тој додаде дека ќе разговара и за забрзување на испораката на веќе ветената опрема.

-Тука спаѓаат муниција и оклопни возила, истакна Кулеба, кој ќе учествува на состанокот на Комисијата НАТО-Украина. (МИА)