четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кулеба: Русија се обидува да шири терор во Одеса

Кулеба: Русија се обидува да шири терор во Одеса

– Единствената цел на руските ракетни напади врз Одеса е терор, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

„Русија мора да биде означена како држава која спонзорира тероризам и соодветно да се третира. Без бизнис, без контакти, без културни проекти. Потребен ни е ѕид меѓу цивилизацијата и варварите кои со проектили гаѓаат мирни градови“, напиша на Твитер украинскиот министер.