Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека на денешната средба со претставници на НАТО и на Европската Унија разговарале за набавка и производство на оружје за неговата земја.
– Разговаравме како да набавиме оружје и муниција на ефикасен начин и како да ги доставиме на бојното поле, рече Кулеба на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, во седиштето на НАТО во Брисел.
Според него, Украина и нејзините партнери од февруари 2022 година „ја водат, веројатно, најголемата логистичка операција од Втората светска војна“.