Украина има доволно оружје за контраофанзива против Русија, што на земјата ќе и донесе победа за влез во НАТО, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Тој оцени дека членството во НАТО „веројатно ќе биде возможно за Украина дури по завршувањето на активните непријателства“.
Според светските агенции, Кулеба не одговорил на прашањето дали долгонајавуваната пролетна контраофанзива на Украина започнала.