недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кулеба: Украина се засити од специјални решенија за интеграција во ЕУ

Кулеба: Украина се засити од специјални решенија за интеграција во ЕУ
EPA-EFE/FOREIGN MINISTRY PRESS SERVICE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Украина се засити од „специјални решенија“ и од одвоени модели за интеграција во Европската унија, изјави денеска министерот за надворешни работи на таа земја Дмитро Кулеба.

-Потребна ни е јасна правна потврда дека Украина е дел од проектот за европска интеграција, а таквата потврда би било давање кандидатски статус, порача Кулеба по состанокот со француската колешка Катрин Колона во Киев.