Европската централна банка (ЕЦБ) ја спушти на 1,1 процент прогнозата за раст за 2020 година, очекувајќи дека економскиот раст ќе достигне до 1,4 проценти во 2022 година, изјави претседателката на банката Кристин Лагард.
Инфлацијата ќе се искачи на 1,6 проценти во 2022 година, по 1,1 процент од очекувањата во 2020 година, но ќе остане под целта на таа институција, од околу два процента.
За 2021 година, ЕЦБ очекува инфлацијата да биде 1,4 проценти малку пониска отколку во последните проценки објавени во септември, додека прогнозата за раст за 2021 година останува непроменета од септемвриските предвидувања и изнесува 1,4 проценти.
Кристин Лагард ги посочи првите знаци на стабилизација во еврозоната, користејќи формулација која го отсликува претпазливиот оптимизам.
На нејзината прва прес-конференција за монетарната политика, Лагард оцени дека европската економија сè уште е под голем број ризици, наведувајќи ги, меѓу другото, протекционистичките тензии.