четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лајен ќе предложи поамбициозни цели во борбата против климатските промени

Лајен ќе предложи поамбициозни цели во борбата против климатските промени

Претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен денеска пред европарламентарците ќе претстави поамбициозни цели во борба против климатските промени и ќе предложи ЕУ да го забрза намалувањето на емисиите на штетни гасови кои предизвикуваат стаклена градина.

Нејзиниот прв говор „За состојбите во Унијата“ има за цел да даде насоки за иднината, се наведува во соопштението на ЕК.

Претставниците на извршната власт на ЕУ обично обрајќањето пред европратениците го користат за да ги претстават своите предлози и политики.

Така Фон дер Лајен ќе предложи земјите-членки на Унијата да преземат ангжмани за намалување на емисиите на штетни гасови до крајот на декадата до 55 проценти во однос на 1990 година, со што би се убрзал процесот кон климатска неутралност до 2050 година.

Исто така се очекува претседатеката на ЕК да зборува за миграцијата, за големиот буџет и за пакетот на ЕУ во висина од 1,8 трилиони евра за обнова на економијата по кризата со новиот коронавирус.