вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лазарини: Неопходен е хуманитарен прекин на огнот во Газа

Лазарини: Неопходен е хуманитарен прекин на огнот во Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) повторно повика на прекин на огнот во Газа со оглед на големиот број цивилни жртви и тензичната ситуација со снабдувањето поради израелското бомбардирање на крајбрежниот појас.

– Хуманитарен прекин на огнот одамна требаше да се случи, изјави генералниот комесар на УНРВА Филип Лазарини. – Без хуманитарен прекин на огнот, повеќе луѓе ќе бидат убиени, оние што се живи ќе претрпат дополнителни загуби, а некогаш живото општество ќе биде во тага, засекогаш, вели Лазарини, пренесува ДПА.

Лазарини рече дека го посетил училиштето управувано од УНРВА во Рафа, на границата со Египет. – Штотуку се вратив од Појасот Газа. Ова е првпат да ми биде дозволен влез од почетокот на оваа ужасна војна, пред речиси четири недели, рече тој.

Шефот на УНРВА изјави дека децата таму побарале „голтка вода и парче леб“, рече тој. „Тоа беше еден од најтажните денови во мојата хуманитарна работа.

– Сегашната хуманитарна помош за жителите на Газа е далеку од доволна, потенцираше Лазарини.