четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лажни тревоги за бомби на железничките станици во Барселона и Мадрид

Лажни тревоги за бомби на железничките станици во Барселона и Мадрид

Железничката страница Аточа во Мадрид и централната железничка станица во Барселона денеска беа делумно евакуирани поради сомнеж за екплозивни направи, но утврдено е дека тревогата била лажна.

Прво беа евакуирани патниците од два воза и од фоајето на централната железничка станица во Барселона по дојава за експлозивна направа поставена во куфер. При претрага на еден куфер со скенер, бил забележан предмет кој личел на експлозивна направа. По еден час прекин на сообраќајот, и проверка што ја спровеле специјализирани екипи, железничката станица била отворена и двата задржани воза добиле дозвола да тргнат.

Во Мадрид евакуацијата исто така била предизвикана од сомненија за експлозивна направа. По извршената проверка, железничката станица била повторно отворена, соопшти шпанската полиција и прецизира дека и во овој случај се работело за лажна тревога. (МИА)