четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ле Пен тврди дека судот сака да ја уништи нејзината партија

Ле Пен тврди дека судот сака да ја уништи нејзината партија

Марин ле Пен изјави дека француските судови се обидуваат да ја уништат нејзината националистичка партија Народен собир со блокирање на средствата кои партијата треба да ги добие од буџетот врз основа на нејзиниот изборен резултат.

Националниот собир требаше да подигне 2,35 милиони евра од државниот буџет, согласно францускиот модел на јавно финансирање на политичките партии. Но, средствата беа конфискувани од страна на суд кој ги истражува обвинувањата за злоупотреба на средствата што партијата ги добивала од Европскиот парламент.

– Се закануваат да го убијат Националниот собир, изјави Марин Ле Пен, напаѓајќи ги судовите и банките за намерно уништување на нејзината партија.

(Миа)