петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лекција за сите од татко кој загуби три деца во земјотресот во Турција

Лекција за сите од татко кој загуби три деца во земјотресот во Турција

Осман Демирел, кој загуби три деца во земјотресот во центарот на Караманмарас, вели дека алчноста на луѓето ги зголемила размерите на катастрофата во Турција.

-Станавме жртви на нашата алчност, нагласи тој.

Во земјотресот, што се случи во Караманмарас на 6 февруари, беше уништена шесткатницата на Хисар.

Осман Демирел, кој живеел во таа зграда, ја избегнал трагичната судбина на семејството бидејќи бил на работа, додека неговите три деца го загубиле животот. Сопругата на Демирел преживеала со повреди.

Објаснувајќи ја големата болка што ја доживеал, Осман Демирел рече дека луѓето се одговорни за овој земјотрес.

-Побаравме илјадници лири за куќи кои не вредат толку. Затоа станавме жртви на нашата неблагодарност и алчност, изјави разочараниот татко.

На крајот рече дека „Господ не’ потсети дека е сопственик на имотот“.