Телевизиската изборна дебата во Јужна Африка се претвори во хаос кога ривалските групи почнаа да фрлаат столици едни на други во програма во живот.
Приврзаниците на Партијата на земјата, и Борците за економска слобода (ЕФФ) почнале да се напаѓаат меѓусебно, а локалните медиуми известуваат дека не е јасно што точно ја предизвикало масовната тепачка.
Домаќинот Лин Манас твиташе дека настанот е откажан поради насилниот испад.
Општите избори во Јужна Африка би требало да се одржат на 8. мај.