вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Летонија и Естонија ја напуштија кинеската иницијатива за соработка со источноевропските земји „16+1“

Летонија и Естонија ја напуштија кинеската иницијатива за соработка со источноевропските земји „16+1“

Летонија и Естонија соопштија дека го напуштиле кинескиот форум за зајакнување на односите со источноевропските земји, познат како иницијатива „16 плус еден“.

Претходно, Кина започна економски и дипломатски мерки против Литванија, поради зајакнувањето на нејзините врски со Тајван, кој Пекинг го смета за своја провинција.

„Со оглед на актуелните приоритети на летонската надворешна и трговска политика, Летонија одлучи да го прекине учеството во рамките на соработката на земјите од Централна и Источна Европа и Кина“, соопшти летонското Министерство за надворешни работи.

Летонија ќе продолжи со „конструктивни и прагматични односи со Кина, како билатерално, така и преку соработка меѓу ЕУ и Кина, почитувајќи го меѓународното право, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила“, се вели во соопштението.

Слично соопштение лиферуваше и Естонија.

Кина го воспостави форумот за зајакнување на односите со земјите-членки на ЕУ, како и со други земји, делумно за да го зајакне енергетскиот инфраструктурен проект „Појас и пат“ на претседателот Си Џинпинг.

Критичарите сметаат дека кинеската иницијатива е обид на Кина да ги искористи разликите во ставовите на земјите опфатени со неа, како дел од пошироката кампања за обединување со Русија и поткопување на сегашниот меѓународен поредок.