четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лидерите на ЕУ проценија дека нема доволен напредок за Брегзит за да се свика вонреден самит

Лидерите на ЕУ проценија дека нема доволен напредок за Брегзит за да се свика вонреден самит

Лидерите на ЕУ сметаат дека нема доволно напредок во преговорите за Брегзит, за да се свика вонреден самит во ноември, изјавија официјални претставници на ЕУ.

-Лидерите на 27-те членки (држави челенки на ЕУ без Велика Британија) забележаа дека и покрај интензивните преговори не е постигнат доволен напредок, изјави извор, кој присуствувал на  работната вечер на лидерите.

-Лидерите се подготвени да го свикаат Европскиот совет ако и кога главниот преговарач на ЕУ извести дека е направен голем напредок. Засега 27-те членки не планираат да одржат вонреден самит на врвот по Брегзит во ноември, рече изворот.

Лидерите на 27-те го повикаа главниот преговарач Мишел Барние да продолжи со своите напори да се постигне договор.

МИА