вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лидерите од Г7 денеска ќе оддржат итна средба по повод руските напади во Украина

Лидерите од Г7 денеска ќе оддржат итна средба по повод руските напади во Украина

Лидерите на групата Г7- седумте индустриски најразвиени земји во светот, денеска околу пладне ќе одржат виртуелен состанок на кој ќе разговараат за нападите на Русија врз Украина.

Според Би-би-си, се очекува лидерите на Г7 да ја повторат својата поддршка за Украина.

На онлајн средбата треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во вчерашните руски напади со крстосувачки ракети во најмалку 14 украински региони, вклучувајќи го и главниот град Киев, загинаа најмалку 19 лица. (МИА)