На маж од САД ќе му се суди за убиство од 1989-та година, откако колешка од работа земала негов ДНК примерок од фрлена лименка сок и им помогнала на детективите да го решат случајот.
51-годишниот Тимоти Бас од американската сојузна држава Вашингтон го чека судење за силување и убиство на 18-годишната Аманда Ставик, која исчезнала кога отишла на трчање во близина на својот дом во Акме.
Телото на тинејџерката било пронајдено три дена откако исчезнала, но убиецот останал нерешена мистерија речиси три децении.
Пресврт во случајот имало во август минатата година, кога колешка на Бас од пекарата дознала дека е осомничен за убиство. Жената со која работел, а чиј идентитет не е познат во јавноста, дошла до таа идеја бидејќи чувствувала “морална должност да помогне во истрагата”.
Наводно тајно земала лименка од сок од која пиел Бас и пластична чаша откако завршил со ручекот, а потоа доказите ги предала на детективите, кои веднаш ги пратиле во лабораторија.
Резултатите покажале поклопување на ДНК од лименката со тоа од местото на злосторството.
Адвокатот на Бас тврди дека доказот не би смеел да се користи на судењето бидејќи е резултат од илегална акција. Но, судијата пресудил дека не биле нарушени правата на Бас, бидејќи неговата колешка не “работела како агент за спроведување на законот”.
Судењето почнува во април.