сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Локализиран шумскиот пожар во Каталонија

Локализиран шумскиот пожар во Каталонија

Шпанските власти денеска соопштија дека е локализиран шумскиот пожар во Каталонија, најголем во тој регион во последните 20 години.

Сепак, тие предупредуваат дека ветерот и најавените високи температури од 40 степени можат повторно да го разгорат огнот.

Пожарот го гаснеа речиси 500 пожарникари, од кои 21 побараа лекарска помош во текот на ноќта.

Истражувачите сметаат дека пожарот избувнал по спонтано согорување на куп пилешки измет на една фарма за добиток.

Во цела Шпанија има неколку шумски пожари чие ширење беше овозможено и од високите температури.